Најекстремниот популарно шоу „Преживеан“, има само една цел - да се преживее во пеколниот рај. За 22. натпреварувачи, дестинацијата е бисерните острови, во близина на Панама, а целта - откривањето на легендата за изгубеното богатство на шпанската галија. Нивната мисија ќе трае 52 дена, а само еден ќе биде победник и ќе ја добие премијата од 100.000 евра.
Преживеан е борба за опстанок, во уловите што ги имал и Робинзон Крусо. Секој треба да ја покаже способноста за ориентација во непознат предел, справување со опасни ситуации и сето тоа под будно око на камерите.
Препуштени на самите себе, натпреварувачите сами градат живеалиште од материјали во природата, единствено средство за работа им е ножот, а оганот се пали на примитивен начин, дождот и морето им се единствени извори на вода, храната ја наоѓаат во шумата и океанот.
Но, мора да внимаваат и на опасноста од отровни плодови, а жителите на островот, ќе им бидат додаден проблем. Бубачките, пајаците и црвите може да бидат опасни непријатели, но и вкусна храна. Како ќе се справат девојките во услови кога нема козметика?
Правилата на играта важат за сите. Натпреварувачите се делат во две племиња. Секојдневно играат игри за награда, а се тестираат издржливоста, физичката кондиција, силата и сите имаат подеднакви шанси да се борат за останување на островот. Секој трет ден се врши елиминација во племенскиот совет, каде се одлучува кој си заминува од шоуто. Со тек на времето, племето станува едно, а на крајот остануваат само тројца, кои меѓусебно ќе си ги одмерат силите. сето ова се снима и се прикажува без цензура.
Реалното шоу „Преживеан“ е дело на британскиот продуцент Чарли Парсон и премиерно е прикажан во 1996 во Шведска под името „Експедицијата Робинзон“. Американската верзија е снимена во 2000, и се до денес, шоуто се емитува во 40. земји.
Српската верзија ја режираше Милорад Милинковиќ, а актерот и водител на шоуто Андрија Милишевиќ има за цел да ги подготви натпреварувачите за невозможното. Неговиот збор е пресуден во решавањето на победникот.