На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја
распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите
и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна
на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885Свети Климент Охридски како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север. година - неговите ученици Петочисленици, на чело со
Што се однесува до Методиј, постојат мошне оскудни извори, според
кои тој се здобил со световно образование и се посветил на државната и
воена служба. Бил надарен со христијански добродетелен живот и
државнички и воени способности. Подолго време управувал со брегалничката
област и придонесол христијанството длабоко да се всади во македонската
душа во тој дел на Македонија. За овој успех бил особено заслужен и
неговиот брат Константин.Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно
возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во
житието на Свети Наум.
Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на
Македонците од солунско и на мисионерското дело меѓу западните Словени
во Моравија.Извесно време пред својата мисионерска дејност, светите браќа се повлекле во манастирот Полихрон на планината Олимп,
каде всушност конечно се подготвиле за своето епохално мисионерско
дело. Манастирското осамување го прекинале двапати кога биле испраќани
од византиската власт од цариградскиот патријарх во мисии меѓу Сарацените и Хазарите. Овие мисии ги извршиле со голем успех. Во Краткото житие на Константин-Кирил, напишано од неговиот ученик Климент Охридски,
се кажува дека Кирил открил пред Хазарскиот каган дека не потекнувал од
византиски род, ами дедо му бил од хранените људе на туѓ „цар„, но побегнал во Византија.Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик
вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие
биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите
книги веќе ги превеле на словенски јазик.
Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму
биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа
отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и
учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници: обвинувани за ерес. Биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почасти од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и богослужби да се вршат на словенски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и почина на 14 февруари 869Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив распродадени како робови.година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го
продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени
во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не
престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј почина во
Делото на светите браќа по смртта на Свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици - Свети Клименти Свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и
просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за
цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почнувајќи ја
нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за
мисионерите на сите времиња.
Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на
Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи
и на единството на Универзалната црква. За овие и вакви свои заслуги,
во своето апостолско послание "EGREGIAE VIRTULIS", папата Јован Павле II на 31 декември, 1980 година ги прогласи за сопокровители на Европа, чиј покровител е Свети Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври, 1964 година.
СЛИКИ
http://www.taratur.com/files/sliki-N/24.05kiril-metodij.jpghttp://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/cf/Cyril_Methodius25K.jpg/250px-Cyril_Methodius25K.jpghttp://commons.orthodoxwiki.org/images/7/7f/Cyril_and_Methodius.jpghttp://commons.orthodoxwiki.org/images/a/a3/Kiril_Metodij.jpgИзвинете за пост врз пост немав место!