High school - Elite way
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

You are not connected. Please login or register

***Biologija***

+4
Euge
Dammy :]
Administracija!
Dijan4e
8 posters

Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1***Biologija*** Empty ***Biologija*** Вто Дек 16, 2008 10:09 pm

Dijan4e

Dijan4e
~Pocetnik~
~Pocetnik~

ova e ucilnicata po Biologija
eve ja prvata lekcija:
Биологија
Биологијата (од грчките зборови bios = живот и logos = наука) e наука за живите суштества и животот воопшто. Во потесна смисла, таа ги изучува карактеристиките и однесувањето на организмите, нивното потекло и меѓусебни односи, како и односи со животната средина (биотопот), нивната морфолошко - анатомска организација како и нивниот биохемиско - физиолошки строеж.

Историски развој на биологијата
Сознанијата за живата природа постепено се стекнувале уште многу порано пред настанокот на биологијата како посебна научна област. Во далечното минато, уште првобитните луѓе при собирањето на сопствената храна (разни растителни плодови и животни) почнале да распознаваат разни живи суштества. Подоцна, користејќи ги своите пообемни познавања за живиот свет во природата, човекот почнува да култивира некои растенија и да припитомува животни. Во врска со тоа, познавањето на човекот за живите суштества се проширува, а се стекнуваат сознанија и за условите во кои живеат живите суштества. Пред се, било потребно не само тие корисни растенија и животни да се распознаваат, туку и да се знае начинот на нивното размножување, како и поволните услови во кои тие најбрзо се размножуваат, растат и воопшто живеат. Сето ова укажува на фактот дека биологијата е многу стара наука. Меѓутоа, за воведување на терминот биологија, кое се случило на почетокот од 19 век од францускиот природонаучник Ламарк и германскиот научник Тревиранус, како и до развитокот на една единствена биолошка наука, можело да се дојде откако се дознало дека сите живи суштества претставуваат единствена појава и поседуваат низа заеднички белези со што суштински се разликуваат од неживата природа. Денес биологијата е толку многу развиена, што претставува комплекс од субнаучни дисциплини.
Биологијата е природна наука која ги изучува живите организми-растенијата,животните,човекот и микроорганизмите.Во состав на биологијата се развиле посебни делови:ботаника,што ги проучува растенијата,зоологија што ги проучува животните и микробиологија,што ги проучува микроорганизмите.

Поделба на биологијата
Биологијата ја делиме според неколку основни принципи:

* според предметот на проучување и нивото на биолошка организација на организмиите
* според различните животни појави и проблеми што ги проучува кај растенијата и животните

Предмет на биолошките истражувања се растенијата и животните. И покрај општите белези на сите живи суштества, во најголем број случаи растенијата и животните значително се разликуваат меѓусебно. Поради тоа, според предметот на проучувањето биологијата е поделена на микробиологија, ботаника и зоологија, односно микробиологијата ги проучува најмалите организми - микроорганизмите, ботаниката ги проучува растенијата, додека зоологијата - животните. Но, овие субдисциплини на биологијата можат и понатаму да се делат, конкретизирајќи го предметот на проучување. Така, во ботаниката има:

* Алгологија, ги проучува алгите
* Микологија, габите
* Бриологија, мововите
* Дендрологијата, дрвенестите растенија итн.

А во зоологијата се среќаваат:

* Ентомологија, инсекти
* Ихтиологија, риби
* Орнитологија, птици и слично.

Според многубројните животни појави и проблеми, пак, биологијата е поделена на:
* Морфологија, ја проучува формата и градбата на организмите
* Цитологија, наука за клетката
* Хистологија, наука за ткивата
* Анатомија, внатрешната градба на организмите и нивните органи
* Ембриологија, онтогенезата на организмите
* Физиологија, ги проучува животните процеси во организмите
* Систематика, ги опишува живите суштества врз база на сличностите и разликите, а со тоа ги класифицира во природен систем
* Екологија, ги проучува заемните односи меѓу организмите и надворешната средина
* Биохемија, интердисциплинарна наука меѓу биологијата и хемијата, ги проучува биохемиските реакции
* Биофизика, ги изучува физичките манифестации кај организмите, мост меѓу биологијата и физиката
* Биогеографија, ги изучува законите и условите за распространување на живите суштества и биотопите на Земјата
* Генетика, ги проучува општите закономерности во наследувањето и менливоста кај организмите
* Етологија, го проучува групното однесување на организмите итн.


za domasno ke bide da odgovorite na ovie prasanja:
Sto e biologijata?
Kako ja delime biologijata?
zasega tolku

2***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Вто Дек 16, 2008 10:11 pm

Administracija!

Administracija!
~Uspesen clen~
~Uspesen clen~

ne se umori malce od pisuvanje?
ne be ne se zezam

https://teenschool-eliteway.forumakers.com

3***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Вто Дек 16, 2008 10:26 pm

Dammy :]

Dammy :]
~Redovn clen~
~Redovn clen~

Напишав и ти пратив!

http://www.all-disney-stars.forumakers.com

4***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Вто Дек 16, 2008 10:28 pm

Dijan4e

Dijan4e
~Pocetnik~
~Pocetnik~

super dammy

5***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Вто Дек 16, 2008 10:29 pm

Administracija!

Administracija!
~Uspesen clen~
~Uspesen clen~

Dijan4e напиша:super dammy

https://teenschool-eliteway.forumakers.com

6***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Вто Дек 16, 2008 11:46 pm

Euge

Euge
~Uspesen clen~
~Uspesen clen~

Napisav i ti prativ!!!:Very Happy

http://www.schoolway.forumakers.com

7***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Сре Дек 17, 2008 4:04 pm

Ammy=]

Ammy=]
~Pocetnik~
~Pocetnik~

Напишав и ти пратив Smile

http://all-disney-stars.forumakers.com

8***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Пет Дек 19, 2008 3:38 pm

Dijan4e

Dijan4e
~Pocetnik~
~Pocetnik~

nova lekcija:
Клетка
Клетката (латински: cellula) е основна структурна и функционална единица на сите живи организми. Таа е најмал жив биолошки систем. Прв терминот клетка го употребил англискиот научник Роберт Хук. Сите организми се изградени од клетки, и тоа едноклеточните од една, а многуклеточните од повеќе клетки кои се наоѓаат во тесна, заемна зависност. Бидејќи го содржат целокупниот наследен материјал, клетките се способни за саморепродукција (делба на клетките).
Клетките се делат според најразлични критериуми, но основната поделба е на прокариотски и еукариотски клетки. Според местоположбата и функцијата во организмот, има епителна, нервна, мускулна, полова клетка (јајце клетка и сперматозоид) итн.
Речиси сите клетки имаат јадро. Тоа контролира се што се случува во клетката. Содржината на клетката (осван јадрото) се вика цитоплазма. Таа содржи и неколку други посебни органели. Клеточна мембрана е тенок слој кој ја издвојува клетката од меѓуклеточниот простор (но, пропушта течности и гасови).

ЖИВОТИНСКИ КЛЕТКИ: Животински клетки содржат зрнца од гликоген кои имаат улога на резервоар. Животински клетки имаат понеправилен облик од растителни клетки.

РАСТИТЕЛНИ КЛЕТКИ: Само растителни клетки имаат клеточен ѕид. Тој е многу поголем од клеточна мембрана и го одржува постојаниот облик на клетката. Во растителни клетки наоѓамe хлоропласти. Тие учествуваат во процесот за создавање храна од сончева светлина и на листовите им даваат залена боја. И растителна клетка содржат зрнца од гликоген кои се резервоар за храна. Многу клетки имаат простори исполнети со течност кои се викаат вакуоли. Во растителни клетки, тие се големи и помагаат да се одржува обликот на клетките.
eve slika od edna kletka:
https://2img.net/h/oi44.tinypic.com/2u6e5i8.png
pojasnenie za slikata:
Типична клетка и нејзините органели: (1) јадренце (2) клеточно јадро (3) рибозом (4) везикула (5) Груб ендоплазматичен ретикулум- Е.Р. (6) голџиев систем (7) цитоскелет (Cool Мазен Е.Р. (9) митохондрија (10) вакуола (11) цитоплазма (12) лизозом (13) центриоли
za domasno:
Od sto e sostavena kletkata?
Sto e kletka?

9***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Пет Дек 19, 2008 4:44 pm

Simona

Simona
~Dobar clen~
~Dobar clen~

edno prasanje dijance, ova ti go ucis vo skolo ili go vadis od internet?

10***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Пет Дек 19, 2008 5:07 pm

Dijan4e

Dijan4e
~Pocetnik~
~Pocetnik~

vo skolo go ucam

11***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Пет Дек 19, 2008 5:22 pm

Simona

Simona
~Dobar clen~
~Dobar clen~

lol kakvi raboti ucite za kletka..........

12***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Пет Дек 19, 2008 10:02 pm

Administracija!

Administracija!
~Uspesen clen~
~Uspesen clen~

па и ние тоа го учевме со класната на деми, ејми и ани хахахахаха

https://teenschool-eliteway.forumakers.com

13***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Саб Дек 20, 2008 12:17 am

Dammy :]

Dammy :]
~Redovn clen~
~Redovn clen~

хаха да...иначе јас напишав Very Happy

http://www.all-disney-stars.forumakers.com

14***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Саб Дек 20, 2008 12:54 pm

Anny

Anny
~Pocetnik~
~Pocetnik~

nin4e напиша:па и ние тоа го учевме со класната на деми, ејми и ани хахахахаха

malku sea odd topik ama da vi kazam ne sum jas ani jas sum anny t.e. anastasija! kjljkljkljkl

15***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Саб Дек 20, 2008 5:21 pm

Angel4e

Angel4e
~Redovn clen~
~Redovn clen~

Napisav!

http://hsm3gnews.blogspot.com/

16***Biologija*** Empty Re: ***Biologija*** Пет Јан 02, 2009 9:07 pm

Dijan4e

Dijan4e
~Pocetnik~
~Pocetnik~

nova lekcija:
Микроорганизам
Во биологијата, поимот микроорганизам (од грчки mikron, мало) се однесува на секој жив организам кој не е видлив со човечкото око. Микроорганизмите можат да бидат припадници на речиси сите царства на живи организми. Обично кога се зборува за микроорганизми се мисли на бактериите (и вирусите, кои сепак не се живи организми, туку се на границата помеѓу живо и неживо). Но, живиот свет на планетата Земја изобилува и со растенија, животни, габи и протисти кои се микроорганизми.Од аспект на растителното и животинското царство, во екологијата постојат посебни поделби на микроорганизмите. Микроскопските растенија се опфатени со поимот микрофлора (или микрофити), додека микроскопските животни се опфатени со терминот микрофауна. Овие поделби, сепак, не се толку строги и не се однесуваат само за припадници на растителното, односно животинското царство (како што укажуваат самите термини). На пример, во микрофити се вклучени бактериите, алгите и некои габи, додека во микрофауна се вклучени и праживотните.

Како позначајни претставници на микрофити се јавуваат цијанобактериите и зелените алги, додека микроскопски животни се многу без‘рбтеници, на пример, дерматофагоидите, одредени групи на ракови (како водната болва Daphnia magna), човечката болва Pulex irritans или, пак, многу слободноживеачки видови на цевчести црви.

za domasno:
lekcijata da ja napisete so vasi zborovi(da ja raskazete so vasi zborovi)

Sponsored content



Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Similar topics

-

» ***Biologija***

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот