You are not connected. Please login or register

Географија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1 Географија on Пон Дек 22, 2008 3:10 pm

=(VaLeRiJa)=

avatar
~Nov clen~
~Nov clen~
Географијата (земјопис, од старогрчки: γεω „земја“ и γραφία „опишува“) е дескриптивна наука која своето внимание го насочува кон опишувањето на планетата Земја. Во потесна смисла, географијата е и природна и општествена наука, бидејќи ги проучува и опишува сите форми на земјината површина и сите природни појави што настануваат на неа и во атмосферата од една, и населението (како дел од Земјата) и неговата стопанска дејност, од друга страна. Исто така, географијата ја опишува и проучува разместеноста на природните богатства, растителниот и животинскиот свет на Земјата.Човекот отсекогаш се интересирал за светот околу себе. Токму тоа е и причината што зачетоците на географијата како наука се појавиле уште во античко време. Обично таа се развивала со развојот на трговијата и морепловството, а уште поинтензивно се развива подоцна, во времето на големите географски откритија. Во антиката, многу народи ја развивале географијата, како античките Грци, Арабјаните, античките Римјани и други. Од последниве, најистакнати географи биле Птоломеј и Страбон. Птоломеј е и еден од првите географи кои ја опишале територијата на Македонија.Во најопшта смисла, географијата се дели на општа и регионална (посебна). Навлегувајќи во различните сфери од нејзиното проучување, условило нејзина поделба на повеќе географски дисциплини, како што се:

* Физичка географија, чиј што предмет на проучување се физичките особини на Земјата (релјеф, светско море и слично)
* Палеогеографија, која го проучува геолошкото минато на планетата Земја
* Биогеографија, интердисциплинарна наука меѓу географијата и биологијата, а ја проучува разместеноста на живиот свет на Земјата
* Педогеографија, чиј што предмет на проучување е разместеноста на почвите на Земјата * Геоекологија, која е интердисциплинарна наука на географијата и екологијата
* Картографија, или цртање на географски карти (мапи), наука која ја претставува земјината површина на географска карта или глобус
* Хумана географија, која го проучува стилот и начинот на живот на човекот во одреден регион или држава, како и неговата стопанска дејност
* Политичка географија, ја опишува политичката поделба на светот
* Економска географија, ја проучува и опишува разместеноста на природните богатства на Земјата.

Za domasno imate da napisete 10 prasanja da napisete po vas izbor i da gi odgovorete.

Преглед на профилот на членот

2 Geografija on Сре Јан 07, 2009 6:34 pm

=(VaLeRiJa)=

avatar
~Nov clen~
~Nov clen~
Релјеф е збир од облици на Земјината
површина кои настанале и непрестајно се менуваат со делувањето на
внатрешните (ендогени, терестрични) и надворешни (егзогени, соларни)
природни сили. Тектонски облици на релјефот се планините, вулканите, потонатините или басените и сл.
За разлика од тектонските, има и многу други облици на релјефот, како ерозивните, во кои спаѓаат флувијалните (речни), карстни, глацијални (леднички), абразивни (морски и езерски), еолски (пустински) облици и други.
Ovaa lekcija ja napisav na kratko a vie za domasno ke imate da mi ja napisete po opsirno, lekcijata

Преглед на профилот на членот

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот